еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во САД излекувана првата жена со СИДА

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице.

Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.

Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци.

Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.

Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките.

Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ избра нови претседатели и членови во 14 ограноци

Редакција

Периодот на ревакцина со „АстраЗенека“ од 12 се крати на шест недели, најави Филипче

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од катастрофата во Либија, бројот на загинати се искачи на над 5.000

Редакција