еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините поевтинуваат за денар и пол, дизелот поскапува за половина денар

За денар и пол од полноќ поевтинуваат еуросупер БС – 95 и еуросупер БС-98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 59 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 61 ден/лит.

Новата цена на дизелот ќе биде 50 ден/лит, а по иста цена ќе се продава и екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,302 ден/кг и тој сега ќе се продава за 25,968 ден/кг.

Со оваа одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со “Dat-con“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

Препораката за ослободување од работа на ранливите групи граѓани продолжена до 27 јули

Редакција

“Балканики аноними етериа петрелеу“ купи уште 133 акции на ОКТА

Редакција