еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Лекарот и диџеј Игор Спироски: Ограничена гужва и носење на маски, драконска казна е запирањето на работата на музичарите и диџеите

Лекарот интернист Игор Спироски, кој во слободно време работи како диџеј, објави статус на Фејсбук за тоа, како е да се биде директно најизложен на вирусот, но истовреме и да се остане негативен, сакајќи да укаже дека не се потребни драконски мерки за настапите на музичарите и диџеите, туку ограничена гужва и маски.

Неговиот статус кој имаше голем број на допаѓа и споделувања на социјалните мрежи, го пренесуваме во целост:

„Како останав негативен до сега!? Денес го направив четвртиот тест годинава, негативен е. Антителата покажуваат дека сум немал контакт со овој тип на вирус. За себе сметам дека сум доста отворена и социјална личност со изложена работа во периодов (лекар), изложено хоби (музички селектор-диџеј ) и доста пријатели од најразлична провиниенција.

Би сакал да го споделам со вас мојот начин на живот и со тоа можеби да придонесам за побезбедна есен/зима како и кон поадекватни мерки кои ги превзема владата. Истовремено да се заблагодарам на мојата институција – Кардиологија каде се одржува безбедна средина за работа како и на мојот прв и втор круг на пријатели со кои делиме ист ризик во времево-невреме.

На работното место не користам Н95 маска, користам обична заштитна, затоа што верувам дека вирусот најмногу се шири преку флугеови капки (микроплуканка) од инфицирана личност.

Редовно користам дезифициенс после секое влегување во затворена просторија. Неретко кога можам носам заштитни наочари или кога разговарам со пациенти ги користам и моите диоптриски очила како заштита. Со пациентите и колегите разговараме на дистанца и носење на заштитна маска. Во сала влегувам со вообичаена заштита и тоа е тоа, но биг деал.

Со моето хоби ситуацијата е лесно поинаква. Прво селекцијата на музика што ја пуштаме се адаптира на новонастанатата ситуација slow grooves- атмосфера музика, второ местата каде пуштаме вообичаено добро го изолираат диџејот од останатите гости и се чувствувам безбедно.

Трето не носам секогаш маска кога поминувам низ затворен простор, но добро пазам да се изолирам и себе и соговорникот од близок контакт и прелетување на флугеови капки.

Користам дезинфициенс и вообичаено добро сум заштитен со внимателната услуга на местата каде што одам (одам само таму каде што има вакви услови). Е сега далеку од тоа дека сум цело време заштитен по пропишаните норми, но постојано мислам на дистанцата и на флугеовите капки.

Последниот чекор е најпроблематичен… а тоа е социјализацијата. Не може човекот без социјализација, тоа е јасно. Изборот мој и на моите блиски пријатели е да го поделиме ризикот во дадена група која не е поголема од десет луѓе. Сите од нив имаат адекватен став и познавања за вирусот и неговите карактеристики и истовремено алфа зборувачот добива секогаш предупредување за тонот и близината за разговор.

Се одржува дистанца и се инсистира на сопствен прибор во дружбите во затворен или отворен простор. Направен е круг во кој се дели ризикот. Избегнувам колку можам масовни собирања.

Далеку дека сум 100 проценти заштитен, но повеќе не можам.

Муабетот ми беше, и на отворено и на затворено има огромна опасност во гужва и намалено растојание само заради олеснето ширење на микроплуканка од усна шуплина во друга шуплина или очна слузница, посебно кога не се носи маска.

Посебно во есенски услови кога е зголемено движењето внатре надвор во местата. Според мене ова е ситуацијата на која треба да обрати внимание владата. Ограничена гужва и носење маски. Се друго е драконско и неадекватно, а посебно запирање на активноста на музиканти, музичари и музички селектори диџеи. Ве поздравувам и take care. Light&love“.

фото: Фејсбук/Игор Спироски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Гранит, Зоран Милковски купи 15.417 акции на компанијата

Редакција

(Фото) Мапа на пребарана површина: Потрагата по Мартин продолжува од страна на грчките служби и волонтерите

Редакција

Мицкоски избегна да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени избори

Редакција