За формирање и водење на криминална организација, виновни се лидерот на Златна зора, Никос Михслољакос и дел од поранешните пратеници, меѓу кои и Илиас Касидиарис, Јанис Лагос, Илиас Панајотарос, итн, соопшти претседареката на судот на денешното рочиште во процесот против Златна Зора, јави дописничката на МИА од Атина.
Соопштувањето на пресудата беше проследено со аплаузи од семејството на убиениот музичар Павлос Фисас.
Дел од поранешните пратеници од Златна зора се виновни само за учество во криминална организација.
Првичните коментари во Грција се дека станува збор за историска одлука.
Рочиштето во атинскиот суд продолжува.
МИА/Фото/видео: newsittv/Alpha TV Greece
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.