еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Наплив на нови вработувања во општините и државните институции

Речиси и да нема ден во изминатиов месец без оглас за нови вработувања во државните институци, во општините и во јавните претпријатија. За триесетина дена беа распишани огласи за вработување на над 100 лица.

За потребите на Министерството за економија – Државен инспекторат за техничка инспекција беше распишан оглас за вработување пет лица. Се бараат кандидати за раководител и за инспектори. Платите во зависност од работното место се движат до 29.693 денари.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 17 државни службеници во Министерството за финансии. Се бараат кандидати за помлади соработници, помлади референти, раководител, помошник раководител…Платите во зависнот од работното место се движат до 32.868 денари.

Огласи за вработување на 14 државни службеници беа распишани за потребите на Министерството за надворешни работи. Се бараат кандидати за различни видови соработници и референти. Платите во зависност од работното место се движат до 17.734 денари.

Агенцијата за администрација објави огласи за вработување на девет лица во јавното претпријатие „Национална радиодифузија“. Се бараат кандидати за референти, соработници, архивар… Платите во зависност од работното место се движат до 28.985 денари.

Беа објавени и три огласи за вработување на три лица во Министерство за економија. Се бараат кандидати за раководител на одделение за внатрешна ревизија – овластен ревизор за јавен сектор, советник за следење на потрошувачката политика со ЕУ и соработка со невладиниот сектор за заштита на потрошувачите и помошник раководител на сектор за енергетика. Платите во зависност од работното место се движат до 32.868 денари.

Голем број огласи беа распишани и за вработување во општините.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 државни службеници во Општина Прилеп. Се бараат кандидати за советници, референти, раководител… Платата во зависност од работното место се движи до 29.670 денари.

Беше објавен оглас за вработување на 5 службеници во Општина Кисела Вода.Се бараат кандидати за советник, референти, соработници…

Платите во зависност од работното место се движат до 26.254 денари.

Оглас за вработување на 5 државни службеници беше распишан и за потребите на Општина Ѓорче Петров. Се бараат канаидати за раководител, референти, помлад соработник… Платите во зависност од работното место се движат до 37.625 денари.

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 3 државни службеници во Општина Аеродром. Се бараат кандидати за советник и двајца соработници.  Платите во зависност од работното место се движат до 26.257 денари.

Оглас за вработување на 9 државни службеници беше распишани за Општина Струга. Се бараат кандидати за референти, виши референти и соработници. Платите во зависност од работното место се движат до 23.900 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државниот инспекторат за техничка инспекција вработува пет лица, плата до 29.693 денари

Министерството за финансии вработува 17 државни службеници, плата до 32.868 денари

Општина Прилеп вработува осум лица, плата до 29.670 денари

Општина Струга вработува девет лица, плата до 23.900 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бесплатен јавен превоз поради загадувањето на воздухот во Скопје

Редакција

За Путин создавањето независна суверена палестинска држава е неопходно

Редакција

Поскапува дизелот, поевтинува мазутот

Редакција