еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Пораст на трошоците на животот во септември: Поскапеле месото, зеленчукот, лебот…

Трошоците на живот во септември годинава во однос на претходниот месец бележат намалување од 0,2 отсто, а во однос на септември лани зголемување од 1,9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Цените на мало пак во септември годинава во однос на претходниот месец имаат намалување од 1,1 отсто, а во однос на септември лани зголемување од еден отсто.

Пораст на трошоците на животот во септември 2020 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,7 отсто, месото за 1,1 отсто, виното за 1 отсто, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,7 отсто, маслото и маснотиите за 0,6 отсто, лебот и житата за 0,4 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0,2 отсто.

Во септември, исто така, пораст на трошоците на животот, е забележан и кај книгите за 1,6  отсто, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 1,1 отсто, облеката за 1 отсто, обувките за 0,9 отсто, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,6 отсто, фризерските салони и центрите за разубавување, другите лични предмети за 0,5 отсто, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0,4 отсто, моторните возила за 0,3 отсто, другите медицински производи за 0,2 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Такси-превозот во Скопје ќе поскапи

Редакција

Инфлацијата лани 9,4%, што поскапело најмногу?

Редакција

Започна акција за исплата на долгови за вода на рати без камата

Редакција