еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонија и Албанија потпишаа договор за признавање на фитосанитарните сертификати

Северна Македонија и Албанија денеска потпишаа договор за реципрочно признавање на фитосанитарните сертификати за земјоделски производи, што се оценува како чекор напред во олеснувањто на трговската размена на овоој вид прозводи меѓу двете земји.

Договорот во Тирана го потпишаа албанскиот министер за земјоделство и рурален развој, Бледи Чучи и неговиот македонски колега Арјанит Хоџа.

-Денешното потпишување на Договорот за соработка на фитосанитарно поле е финализирање на заедничката работа што го направија нашите две земји на 26 септември 2019 година, кога на официјална средба го примив тогашниот колега од Северна Македонија, Трајан Димковски.

Потоа, во пролетта оваа година се договоривме за нацрт-договорот, за време на видео повик, додека се уште бевме под режим на строги мерки поради Ковид-19 и разговаравме за влијанието на вирусот во земјоделскиот сектор, рече министерот Чучи и додаде дека денеск стигнуваме во овој последен момент на потпишување, кога, како што оцени, започнува нов миг помеѓу Албанија и Северна Македонија во однос на трговската размена на земјоделски производи.

Чучи истакна дека овој договор ги забрзува и олеснува постапките за признавање на документацијата издадена од страните преку признавање на фитосанитарни сертификати за трговска размена на земјоделски производи.

-Се признаваат резултатите од тестовите и аналзите на акредитирани, но и на овластени лаборатории, што овозможува минување на товар на граничната инспекција, без одложувања и без земање дополнителни примероци. Се намалува документацијата и времето на чекање на границата на камиони, што следствено значи помалку трошоци за бизнисот и зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете земји,рече Чучи.

Тој, исто така, оцени дека договорот ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји на полтички план, како две земји кои ги поврзуваат историски силни пријателски врски.

Од своја страна, министерот Хоџа оцени дека потпишувањето на договорот е важен чекор кон отстранување на сите бариери на граничните премини, особено за производите што имаат многу краток рок на траење, а мораа да чекаат 48 часа на царинските пунктови.

Тој посочи дека добрите односи меѓу двете земји започнале со слободно движење преку отстранување на пасошките бариери и движењето со лична карта.

-Ова е уште еден последователен чекор, а ќе продолжиме со други договори за изградба на интегриран пазар, кој ќе претходи на интеграцијата на земјите во ЕУ, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Арјант Хоџа.

Чучи најавил дека Владата и тој како министер за земјоделство ќе продолжат со напорите за потпишување на овие договори со други земји, Србија и Црна Гора, бидејќи со Косово бариерите на фитосанитарните сертификати се веќе отстранети и ова ќе биде реалност од Мини Шенгенот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерти на Сетстат и ПМГ Колектив Оркестар во Софија

Редакција

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Македонија

Редакција

Благодатниот оган пристигна на аеродромот во Скопје со бугарскиот владин авион

Редакција