еМагазин
Image default
Локално

Двајца повредени по удар од камион што сам се придвижил

На 11.10.2020 околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје биле донесени повредени А.А.(37) од Скопје и А.Д.(26) од с.Брест, информира МВР.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а при извршен разговор со А.А., тој кажал дека заедно со А.Д. се здобиле со повреди откако само се придвижило товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица помеѓу с.Брест и с.Малино Маало.

Притоа, кај А.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.Р. телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид е извршен од екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка го оставила својот 11-годишен неподвижен син во домот, без грижа, храна и надзор

Редакција

Битолчанец со остар предмет „расчистувал“ расправија со скопјанец во затворот „Идризово“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се уште живи!

Редакција