еМагазин
Image default
Локално

Претреси во Охрид, лишен од слобода дилер на дрога

Во Охрид синоќа околу 21:30 часот пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид – Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил лишен од слобода А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, при извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.

„По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тело на 38-годишен маж пронајдено покрај зграда во Карпош, истрагата е во тек

Редакција

Во тепачка меѓу две семејства во Струмица убиено 22-годишно момче

Редакција

Снегот и невремето што синоќа ја зафатија Попова Шапка „заглавија“ семејства во викендиците, патиштата се расчистуваат

Редакција