еМагазин
Локално

Снегот и невремето што синоќа ја зафатија Попова Шапка „заглавија“ семејства во викендиците, патиштата се расчистуваат

Поради силен ветер со снег е завеан патот во населбата со викендички во Попова Шапка во текот минатата ноќ.

Сопственици на викендички велат дека се затекнати од ситуацијата и има семејства и посетители кои сега поради состојбата не можат да излезат од своите домови. Очекуваат надлежните да го расчистат патот.

„Околу полноќ започнаа интензивни врнежи од снег, но и силен ветер. За половина час снема и струја. Патот целосно беше завеан и затрупан со снег.

Од Општина Тетово како надлежни за населбата започнаа да расчистуваат денес околу 11.00-11.30 часот.

Сметам дека да дојдеа побргу до сега ќе беше расчистено, вака останува до вечер да се отстрани снегот од улицата, која води низ населбата,“ вели Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.

Според проценките на здружението од околу 650 викендички, во половината, викендов имало луѓе кои престојувале.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетовец телефонски извршил 24 меѓународни измами претставувајќи се како бизнисмен од Турција

Редакција

Извештајот за мостот „Беласица“ покажува дека оштетувањата се мали, но ќе треба санација

Редакција

Ограбена бензиска пумпа во Скопје

Редакција