еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

„Фајзер“ го „враќа во игра“ првичниот план за испорака на вакцините

Компанијата „Фајзер“ соопшти дека оваа недела ќе се врати на првичниот план за испорака на вакцини за ЕУ, што значи и за Хрватска, и оти испораките ќе бидат зголемени од 15 февруари, пишува загрепски „Вечерњи лист“.

Денешната најава уследи откако „Фајзер“ на крајот од минатата недела соопшти дека ќе ги намали испораките на вакцини за 60 проценти, што предизвика големо незадоволство во ЕУ и нејзините членки, како и притисок од Брисел.

– Поради итна потреба за имунизација на голем број луѓе, истражувавме иновативни начини да го зголемиме бројот на дози што можеме да ги испорачаме оваа година и сега веруваме дека потенцијално можеме да испорачаме приближно две милијарди дози до крајот на 2021 година, изјавиле од фармацевтската компанија за „Вечерњи лист“.

За да се постигне тоа, сега се потребни одредени модификации на производствените процеси.

– Оваа недела ќе се вратиме на првичниот распоред на испораки во Европската унија, вклучувајќи ја и Хрватска, додека зголемените испораки ќе почнат на 15 февруари.

Така, целосно ќе го исполниме договорот и ќе ги испорачаме договорените количини на вакцини во првиот квартал, додека тие ќе бидат значително поголеми во вториот, соопштија претставници на компанијата „Фајзер“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се сретна во Брисел со Вархеји: Идентитетот не може да биде причина за блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Редакција

Аплицирајте за ИПАРД-фондовите, во вторник инфо караванот во Могила и Кривогаштани, а во среда во Демир Капија и Валандово

Редакција

Во седум земји-членки на ЕУ е воведен дигитален ковид-пасош

Редакција