еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Заев се сретна во Брисел со Вархеји: Идентитетот не може да биде причина за блокада на евроинтеграцијата на Македонија

Идентитетот не може да биде причина за блокада на европските интеграции на Северна Македонија, се согласиле на средбата во Брисел премиерот Зоран Заев, кој ја предводи македонската делегација и еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

Како што соопшти владината прес-служба, еврокомесарот Вархеји ја пречекал македонската делегација со пораката дека неговата цел, како и целта на Европската комисија е за време на актуелното португалско претседавање со ЕУ да се прифати преговарачката рамка за Северна Македонија и да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Вархеји, се посочува, додал дека ЕУ е посветена на Западен Балкан и дека денес после 2,5 години, во Советот на министри за надворешни работи на членките на ЕУ се води стратешка дебата за Западен Балкан во која деблокадата на европскиот пат на Северна Македонија е приоритет број 1 и дека Брисел ги вложува сите напори и ги поддржува сите идеи за решенија со цел да одблокира овој процес.

Премиерот Заев на средбата со еврокомесарот Вархеји истакнал дека високо ги оценува овие напори на Европската комисија и дека очекува соодветно ниво на соговорници и соработници од страна на Бугарија.

Техничката Влада во Бугарија може да е можност за скорешно решение, но очекуваме, вели премиерот, другата страна да биде охрабрена за отвореност, подготвеност и посветеност кон решение.

-Ние сме подготвени за разговори, веруваме дека треба да имаме уште еден обид во периодот што доаѓа, но треба да знаат и колегите во Бугарија и сите во Европска Унија дека за нашиот идентитет нема ниту да разговараме, ниту да преговараме и дека сите обиди тој да се става на преговарачка маса ќе бидат одбиени од македонска страна, потенцирал на средбата Заев.

Премиерот Заев во Брисел е придружуван од заменик-претседателот во Владата за европски прашања, Никола Димитров, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ, Агнеза Руси-Поповска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен ја потврди нејзината поддршка за почеток на преговори со Македонија

Заев денеска во седиштето на ЕУ во Брисел ќе има средби и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, како и со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимерманс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со кој се ќе има средби: Заев во работни посети на Брисел, Мадрид и Атина

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичен суд: Не се исполнети условите за екстрадиција на Морина во Србија

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Филипче оперираше со колегите: Kај 36-годишна пациентка успешно вграден стимулатор на нервот вагус

Редакција

Комитетот на министрите на Советот на Европа загрижен, бара регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија

Редакција