еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(ГАЛЕРИЈА) Филипче оперираше со колегите: Kај 36-годишна пациентка успешно вграден стимулатор на нервот вагус

На Клиниката за неврологија денеска, на 36 годишна пациентка успешно и беше вграден стимулатор на нервот вагус.

„Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови.

Операцијата опфаќа имплантација на мал електростимулатор кај пациентот, кој апарат го стимулира вагусниот нерв и тој ја намалува зачестеноста на епилептичните напади кои кај овие паценти знаат да бидат и по десетина на ден.

Електростимулаторот безжично се подесува во зависност од пациентот,“ соопштија од Министерство за здравство

Операцијата денеска ја извршија министерот за здравство, неврохирург Венко Филипче и д-р Владо Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во Република Србија, каде оваа метода е веќе позната, неврохирургот д-р Владимир Рендевски директор на Клиниката во Скопје.

Од Клиниката за неврологија д-р Емилија Цветковска и д-р Бојан Бошковски, со поддршка на директорот на Клиниката д-р Иван Барбов.

Оваа хируршка интервенција денеска ќе се изврши кај уште тројца пациенти, а во текот на наредните денови стимулатор на нервот вагус ќе се вгради кај уште двајца пациенти со тешка форма на епилепсија.

Министерството за здравство заедно со Фондот за здравствено осигурување оваа хируршка метода ја ставија како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија.

„Со оваа го подобруваме животот на овие пацинети, но и им овозможуваме лекување дома, бидејќи досега за ваков вид на хируршка интервенција одеа во странство. Пациентката кај која денеска беше изведена првата операција се разбуди и добро се чувствува,“ се додава во соопштението.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФФМ не е државна институција и нема обврски од Преспанскиот договор, одговори МНР на реакцијата на Атина до УЕФА

Редакција

Ковид-19 не ги „зарази“ гигантите од прехранбената индустрија: Значително поголеми добивки

Редакција

До недела сончево и студено, од понеделник пораст на температурите

Редакција