еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(ФОТО) Царовска во посета на Бигорски манастир

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, беше во посета на свештената бигорска Обител, каде се сретна со епископот Антаниски г. Партениј и со претставници од Асоцијацијата на професори по етика во религии.

– Во топлиот манастирски и пријателски амбиент министерката најпрвин се сретна со нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, кој ја запозна со долгогодишната социјална мисија, која под негово духовно раководство ја водат нашите монашки Обители, како и со актуелните манастирски активности, што на минисерката Царовска и остави особен впечаток, информираше отец Кирил.

Царовска ја посетила и манастирската библиотека и други простории од манастирскиот комплекс.

Министерката остварила средба со претставници од Асоцијацијата на професори по етика во религии во состав на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски – Скопје“, Ѓоко Ѓорѓевски, проф. д-р Анета Јовковска, проф. Ружа Стојковиќ и монахињата Ефимија Зајковска, со кои дискутирале околу опстојувањето на овој наставен предмет во основното образование, како и статусот на професорите кои веќе 11 години го предаваат овој предмет низ училиштата во нашата земја.

Како што информираат од Бигорски манастир со взаемна согласност и нескриена радост било утврдено дека овој предмет не само што ќе опстане во македонското образование, туку согласно реформите, учениците ќе имаат можност да го избираат во едно полугодие и тоа речиси во сите одделенија (IV – IX), а не како досега само во VI одделение.

Професорите, пак, кои го предаваат овој предмет, ќе стекнат право на трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, под услови утврдени со новиот закон за наставници.

МИА/Фото: МИА/МОН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) „Мал Битолски Монмартр“ во Бигорски: Деца од цел свет ја цртаа архитектурата на манастирот

Редакција

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје

Редакција

(Фото) Поранешното „матично“ ќе се реконструира во нов Младински центар

Редакција