На 10 јули во 03:37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје, се вели во полицискиот билтен.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (полициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.