еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ковид-19 не ги „зарази“ гигантите од прехранбената индустрија: Значително поголеми добивки

Компаниите кои котираат на Македонската берза, и важат за гиганти во прехранбената индустрија во периодот јануари-септември, годинава во услови на пандемија од Ковид-19 ги подобрија резултатите во работењето и покажаа зголемување на добивката во однос на истиот период минатата година.

Така, „Витаминка“ АД Прилеп во периодот јануари-септември, годинава оствари добивка од 23.181.806 денари, што е зголемување за 140,7 отсто во однос на истиот период минатата година кога добивката на компанијата изнесувала  9.628.127 денари.

„Европа“ АД Скопје за девет месеци оствари добивка од 63.184.000 денари, што е зголемување за 79,7 отсто во однос на добивката од 35.155.000 денари остварена во истиот период минатата година.

„Жито Лукс“ АД Скопје оствари добивка од 2.078.310 денари што е зголемување од 222,1 отсто во однос на истиот период минатата година кога компанијата имала добивка од 645.077 денари.

„ЗК Пелагонија“ АД Битола, пак успеа да ја намали загубата од минус 154.908.000 денари во периодот јануари-септември, минатата година на минус 79.745.000 денари воистиот период годинава.

Фото: Витаминка/Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески доби четири години и шест месеци затвор за „Титаник“, Јанкулоска две години и шест месеци

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

Редакција

Приемот на епископот Партениј кај патријархот Вартоломеј голем чекор на Вселенската партријаршија за решавање на црковното прашање, оценува грчкиот православен сајт Ромфеа

Редакција