еМагазин
Image default
Локално

Извештајот за мостот „Беласица“ покажува дека оштетувањата се мали, но ќе треба санација

Експертизата за опожарениот мост „Беласица“ е направена од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени и драфт верзијата е предадена во Град Скопје, потврди за МИА директорот на Институтот, професор Михаил Гаревски.

Од визуелната инспекција, вели Гаревски, не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон. Овој е основниот услов и затоа оштетувањата се мали.

Иако оштетувањата се мали, посочува, сепак ќе треба да се изврши санација.

Но, потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија. Потребно е и да се врати паднатиот бетон на некои површини од долната плоча и вертикалните ребра на сандачестите носачи. За да може да се спроведе санацијата на мостот неопходно е да се извадат цевките за парно кои се наоѓаат под мостот, појаснува професорот.

Иако тој вели дека извештајот е предаден во Град Скопје, оттаму велат дека во моментот не располагаат со никакви информации.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за масовна тепачка во Куманово

Редакција

Со возило удрил во полицаец на крстосница во Скопје

Редакција

Грозоморен случај: Двајца битолчани повеќепати злоставувале 12 годишно дете

Редакција