еМагазин
Image default
Локално

Тетовец телефонски извршил 24 меѓународни измами претставувајќи се како бизнисмен од Турција

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 44-годишниот тетовец Р.М.(44) од Тетово, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“, предвидено и казниво по член 247 од Кривичниот законик и против С.Ш.(45) од с.Копаница, скопско, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „помагање“ предвидено и казниво по член 24 во врска со член 247 и во врска со член 45 од Кривичниот законик и расчисти 24 измами, соопшти МВР.

„Имено, првопријавениот Р.М., во периодот од ноември минатата година до втората половина на јануари годинава, претставувајќи се како бизнисмен од Турција, со приказни за наводно случени сообраќајни несреќи, телефонски измамил повеќе лица вработени во фирми од Бугарија, Србија, Албанија и Косово.

Пласирајќи им лажни приказни дека нивни вработени, најчесто возачи, загинале или се тешко повредени во сообраќајни несреќи и дека се потребни пари за погреб или лекување, тој успеал да се стекне со противправна парична корист од околу 9.000 евра. Парите преку филијали на извесна фирма ги подигнувал С.Ш. и потоа му ги давал на Р.М., а тој, пак, за услугата му плаќал од 50 до 100 евра“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена пронајдена почината на улица во Скопје

Редакција

За викенд има и до десет интервенции за помош на скијачи на Попова Шапка

Редакција

(Фото) Шилегов ја пречека со цвеќе: Данела Арсовска официјално ја презеде градоначалничката функција на Град Скопје

Редакција