еМагазин
Image default
Бизнис

Заразата од Ковид-19 повторно се разгорува во штипските конфекции

По пауза од два месеца коронавирусот повторно влегува во штипските конфекции.

Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов и директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова потврдуваат дека позитивни случаи имаат кај работници во една голема штипска фабрика во ТИР зоната и во една помала конфекции.

На последниот кризен штаб, инспекторите, но и Кристина Ампева од Гласен Текстилец побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и во вистинска смисла на зборот да функционираат Ковид координаторите во фабриките, кои нема да дозволат групирање на работниците за време на паузите.

„Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе упати барање до Комисијата за заразни болести и Централниот Штаб за изработка на конкретен Протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај кој ќе го замени Протоколот за вршење на меѓуградски превоз од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Ковид-19.

Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македонијаа, посебно и видовите на превоз кои се одвиваат на територијата на локално ниво кои не се опфатени со Протоколот за вршење на меѓуградски превоз“, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб.

Меѓу заклучоците се соработка на МВР со Државниот инспекторат за труд-Штип и останатите инспекторски служби се со цел реализирање на засилени ненајавени надзори и контроли во угостителските објекти и компаниите, како и на превозот од страна на општинскиот инспектор каде најчесто транзитираат линиите за превоз со работници во текстилната индустрија.

Инаку, директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев информира дека на Инфективното одделение хоспитализирани се вкупно 48 пациенти, од кои 41 се потврдени, а седум се сомнителни.

Во болнички услови починал и 70 годишен пациент од кочанскиот регион, а 14 пациенти се на повремена кислородна поддршка, ниту еден нема на респиратор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во првите девет месеци

Редакција

Кривична пријава за угостителскиот објект каде беше затекнат Мицкоски

Редакција

Корисниците на МојДДВ ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацијата, информираат од УЈП

Редакција