еМагазин
Image default
Македонија

Русковска побара притвор за кумот на поранешниот премиер Груевски

Обвинителката Вилма Русковска денеска од судијата на претходна постапка од Кривичниот суд во Скопје побарала притвор и замрзнување на имотот за осомничениот Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење пари со кои се купувале плацеви на Водно.

„Истрагата се работела подолг временски период и е започната во поранешното СЈО, а последните неколку месеци се работеше во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Се работи само за едно кривично дело “перење пари и други приноси од казниво дело“ затоа што предикативното е веќе застарено. Во моментов се осомничени шест лица“, изјави Русковска пред Кривичниот суд.

Таа прецизира дека во моментов се осомничени само физички лица и додаде дека сега за сега во истрагата нема осомничено правно лице.

Во овој предмет покрај Новачевски осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Јордан Камчев и неговата мајка Ратка Камчева.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Приведен Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски

Груевски присвоил над 1 милион евра од донациите за ВМРО-ДПМНЕ и си купил плац на Водно, тврди Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 150 случаи на заразени од корона вирусот, дури 93 во Скопје

Редакција

Германија: Никој нема да има корист, ако одново се отвори прашањето за името

Редакција

Владимир Нелоски шеф на Канцеларијата на Мицкоски, Саше Павлоски негов заменик

Редакција