На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти заразени од Ковид-19, информира Министерството за здравство.
Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на Ковид-19. Хоспитализирани се четири мајки позитивни на ковид-19, три деца и една мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има шест приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се четири пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 280 пациенти кои боледувале од Ковид-19
Починаа четири лица од Ковид-19, едно од нив надвор од болница
Нови 408 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје
Фото: МЗ