еМагазин
Image default
Локално

Претрес во велешко: Приведено лице поради палење автомобил

Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал во соработка со СВР Велес вчера по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Велес изврши претрес во домот на Ѓ.П. во село Ореше, Велешко, заради сомнение за извршени кривични дела: недозволено изработување, држење, поседување и тргување со оружје и распрскувачки материјали  и предизвикување општа опасност.

При претресот, како што соопшти МВР, пронајдени се предмети поврзани со истрагата, а лицето е приведено во ПС Велес.

Против Ѓ.П. до ОЈО Велес е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност со опожарување на моторно возило „опел зафира“ на 3 мај 2020 во село Ореше.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени 28 лица во полициска акција против улични дилери во Скопје

Редакција

Неформално информативно дружење на „Еуромакс ресоурцес“ со локалната заедница во Босилово и Ново Село

Редакција

Земјотрес во Македонија со јачина од 3,2 степени по Рихтер

Редакција