еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Бомбакис ја сврте кризата во своја корист! Приказна за почеток на еден успех кој ќе трае

Кога животот ти врти грб, прегрни го и кажи му дека сѐ ќе биде во ред. Откако ќе останеш без работа, млад, со штотуку започнат семеен живот, а претходно си ги имал сите изгледи на скромен живот во земјава, воопшто не е лесно.

Периодов сите се соочуваме со кризи предизвикани од корона вирусот. Многу останаа без работа, на многу им се намали заработувачката, но многу се соочија и со здравствени проблеми и животни загуби. Многу е важно да не се откажеме во тие моменти!

Пример за упорност и вртење на кормилото на бродот во нов животен правец е Кристијан Станковски, или Бомбакис, кој по падот што му го приреди животот, стана и продолжи да работи во нов правец.

Полека, тој почна да се вбројува во македонските млади луѓе кои имаат влијание врз општеството, но никако себе си не сака да се нарекува инфлуенсер.

Тој за инфлуенсерите имаше една почетна порака: „Не сте инфлуенсери, невработени сте“, започнувајќи од сам себе.

И од таму започнува неговата борба со реалните македонски ситуации на кои што многу луѓе ги затвораат очите, а не треба.

Реалноста можеби е сурова, но, Бомбакис гледа во неа и ја вади на површината на својот Инстаграм профил во вид на транспаренти со пораки. Инспириран од неправдите, од стереотипите и од убавите работи и луѓе, тој секојдневно подарува по мала инспирација на својот Инстаграм.

По соработката со Игор Џамбазов и неговата Илина, Тамара Тодевска, Лила Филиповска, Викторија Лоба, како и со Владо Ѓеоргиев, Бомбакис инспирацијата реши да ја насочи и кон несекојдневни пораки на неговата колекција облека Be Bomb Apparel.

Колекцијата е за млади луѓе кои што сакаат да бидат препознатливи и оригинални во средината.

Парчињата облека се сѐ, но никако досадни и никако бледи! Be bomb се препознава по шареноликоста и пораките со кои што секој млад човек би се поврзал и би сакал да има барем по едно парче од колекцијата.

Губењето на работното место поради корона кризата, Кристијан го искористи за да почне да ги остварува своите соништа.

Секое лошо – за добро е, а Бомбакис тоа многу добро го прифати и реди успеси на многу полиња. Младото момче е пример за сите оние кои што мислат дека во Македонија нема просперитет и успех. Бомбакис го искористи работ за да летне од него во поголеми успеси, а во иднина се очекуваат уште неколку проекти од него со кои што сигурно пријатно ќе ја изненади публиката што го следи.

Во очекување сме!

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По три години битка со ракот, почина Марина Туцаковиќ, која ги напиша едни од најубавите песни на Балканот

Редакција

Во Скопје се одржа петтата Парада на гордоста

Редакција

Проф. Трајковски: Исполнети се сите услови за нов бран

Редакција