еМагазин
Image default
Македонија

ИЈЗ дневно ќе прави до 1.000 тестови, 150 повеќе од досегашните

Во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од денеска, покрај постојното приемно одделение ќе функционира уште едно одделение за прием со лаборант и администратор со што ќе се забрза процедурата за земање тестови за Ковид-19, информираат од таму.

На овој начин, ќе се растовари приемното одделение имајќи предвид дека пациентите кои доаѓаат за тестирање ќе бидат распределени на два пункта.

Пунктот работи секој ден од 7.30 до 14 часот за земање брисеви а од 18 до 20 часот за подигнување на резултатите.

Од Институтот информираат дека со отворањето на новиот пункт ќе се зголеми бројот на тестирања на дневно ниво и е предвидено дневно да се вршат до 1.000 тестови, што е за околу 150 тестови повеќе во однос на досегашните.

Институтот располага со доволен број тестови за Ковид-19. Епидемиолошката служба ќе биде ангажирана во две смени, а за таа цел ќе бидат креирани и дополнителни термини за тестирање во системот МојТермин.

Инаку, предвидено е да се обезбедат вкупно 350 дополнителни тестови, по 100 на дневно ниво во Центарот за јавно здравје и во лабораторијата во Козле, како и споменатите 150 во Институтот за јавно здравје.

Со овие дополнителни тестови значително се зголемува капацитетот на тестирање и ќе може да се постигне дневна бројка и до 2.000 тестирања во јавните здравствени установи.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новото политичко движење на Изет Меџити ќе се формира на 13. август

Редакција

Штабот на Река: Малата излезност ја потврдува тезата дека 1/4 од населението е иселено од државата

Редакција

Чулев контра Филипче: Нашите сознанија говорат дека мајката и синот од Велес починале кон крајот на јануари

Редакција