еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски бара да се ослободат од работа хронично болните поради загадувањето на воздухот и пандемијата

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил апелира до Владата да се ослободат од работа хронично болните, поради, како што вели, високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од Ковид-19.

– Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа.

Посебно тие со белодробни заболувања, напиша Мицкоски.

Бројот на починати, според Мицкоски, на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80 отсто по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест.

– Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност, пишува Мицкоски.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и 19 годишно момче: Четворица новозаболени од Ковид-19 во Тиквешко

Редакција

Ревакцинирани се 381.182 граѓани: 63% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Четири пациенти починаа од Ковид-19

Редакција