еМагазин
Image default
Македонија

Во Инфективното одделение во Дебар се намалува бројот на хоспитализирани од Ковид-19

Во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар се намалува бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19.

-Во моментов кај нас се хоспитализирани седум пациенти, сите со кислородна поддршка, што е речиси половична бројка споредено со претходната недела.

Амбулантски се лекуваат 12 лица што подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмораат и заминуваат во своите домови. Во здравствени установи во Скопје имаме тројца пациенти, изјави за МИА, Баки Халили, директор на болницата.

Одделението располага со 20 легла, а се ангажирани осум лекари и исто толку медицински сестри и се обезбедува 24-часовна услуга за пациентите.

Во исто време, непрекинато до 22 часот работат и лабораторијата и рентген службата, кои се снабдени со сите потребни реагенси и медицински материјал.

Во изминатите два дена, според Министертвото за здравство, во ова подрачје, односно општните Дебар и Центар Жупа, нема нови случаи на заразени. Битката со опасниот вирус ја добиле девет лица, а како последица на вирусот синоќа во здравствена установа во Скопје почина жител на Дебар.

Од крајот на февруари, кога беа регистрирани првите два случаи, сопружници од село Баланци, општина Центар Жупа, по нивното враќање од Италија, на подрачјето на оваа и општина Дебар, според вчерашните официјални податоци, вирусот е дијагностициран кај 504 лица.

Со синоќа починатиот маж од Дебар, до сега битката со опасниот вирус ја изгубиле 24 лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Шекеринска, Царовска, Богоевски: Кои политичари дадоа подршка на Парадата на гордоста

Редакција

Од Ковид-19 починале 17 лица, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција

Во Радовиш досега е поднесена само една независна кандидатура за градоначалник и листа на советници

Редакција