еМагазин
Image default
Македонија

Во штипските градинки се стабилизира состојбата со коронавирусот

Почнува да се стабилизира состојбата со коронавирусот во штипските градинки.

Директорката на најголемата градинка „Астибо“, Билјана Трајчевска вели дека за разлика од пред две недели, сега вработените кои беа заразени со коронавирусот и во изолација почнуваат да се враќаат на своите работни места. Но, битката ја загуби еден од готвачите во оваа институција.

Според Трајчевска, има иницијатива и вработените во градинките да бидат опфатени со ковид-вакцинацијата. Иницијатива ќе биде презентирана пред министерката за труд и социјална политика.

– За вакцијацијата против Ковид-19 која би била на доброволна база е идеја и наше размислување, а се надевам дека надлежните институции ќе ја земат предвид, рече Трајчевска.

Вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов за МИА вели дека во моментов поради позитивни ученици во ООУ „Ванчо Прќе“ и „Тошо Арсов“ испратени се две одделенија во изолација и наставата се следи онлјан.

Почнува да се стабилизира состојбата и во локалните и државни институции кои пред две недели беа преполовени поради широка трансмисија на вирусот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одбиено барањето за запирање на „Таргет – Тврдина“, судењето продолжи со сведочење на Верушевски

Редакција

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција