еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Лекарката Хатије Исмаили од Македонија добитничка на наградата „Мој доктор“ во Словенија каде што живее и работи

Премиерот Зоран Заев и честиташе на д-р Хатије Исмаили за високото признание „Мој доктор“ за 2020 година што се спроведува во Република Словенија, каде што живее и работи.

„Вредноста на ова признание е уште поголема кога се знае дека го доделуваат граѓаните на Словенија, нејзините пациенти. Со овие честитки Ви ја пренесувам нашата гордост што ова одличје го добивате како наша некогашна сонародничка, Албанка, со потекло од Северна Македонија, што дополнително претставува инспирација и поттик на нашите млади граѓани кои одлучуваат да се впуштат во лекарската професија,“ напиша Заев на неговиот фејсбул-профил каде што сподели линк со кој се пренесува оваа информација.

Фото: Фејсбук Исмаили

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Каква зимска спортско-рекреативна понуда нуди СЦ „Борис Трајковски“

Редакција

(Фото) Македонската компанија „Хорти Експерт“ ја „разубави“ амбасадата на САД во Косово

Редакција

Ранци и комплетен прибор добија сите 280 првачиња од Радовиш под слоганот „Само делата се вистина“ од „Адора инженеринг“

Редакција