еМагазин
Image default
Македонија

Собранието денеска расправа за законско регулирање на носењето маски на отворено

Пратеници од власта и од опозицијата поднесоа амандамни на измените и дополнувањето на Законот за заштита на населението од заразни болести, што започнаа да се разгледуваат на матичната Комисија за здравство. Амандмани имаат поднесено пратеници од власта и од Алијанса и Алтернатива.

Првиот амандман е поврзан со мерките на Владата за носење на маска на отворено, групирање на отворен простор и задолжителна самоизолација во период на тестирање. Се предвидува ова да бидат времени мерки. Министерот за здравство Венко Филипче го прифати амандманот и тој ќе биде составен дел од Законот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше зошто Владата и Министерството за здравство амандамните ги доставиле пред почетокот на Комисијата, а според координаторот на пратеничката група Никола Мицевски некои од амандамните веќе се предложени и од опозицијата.

Министерот Филипче изрази надеж дека пратениците ја разбираат потребата од носење на Законот, како и од амандманската интервенција и дека тоа е во насока на заштита на јавното здравје.

-Ние ги најавивме амандманите. Како се усложнуваше ситуацијата најпрактичен и набрз начин беше после поднесувањето на овој закон, да се интервенира со амандмани, нешто што уредува носење на маски на отворено и зголемување на ингеренциите на инспекциските служби како тоа ќе го пратат, рече Филипче.

Според него, седницата на Комисијата е „арена“ да се продискутира за законот и за амандманите.

-Имав средба со претставник на опозицијата и за многу ставови треба да се дискутира, рече министерот за здравство, потенцирајќи дека ова е во насока на заштита на јавното здравје.

Дел од пратениците сметаат дека треба да има допрецизирање на амандманот. Како на пример, кога ќе биде дозволено да се носи маска на отворено односно дали тоа ќе биде дозволено кога лицето ќе се движи на пример на планина кога се сами, како и да се обезбеди заштита за медицинскиот персонал.

Измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести е на дневен ред на продолжението на 19. седница што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 14 часот денеска.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ги сменат ли бугарските клубови “Ванчо Михајлов“ и “Цар Борис Трети“ имињата, имаат рок од три месеци

Редакција

Некои пожари се предизвикани од искрење на жици на бандери или далекуводи

Редакција

ЛДП останува во Владата и дава поддршка на идниот мандатар

Редакција