еМагазин
Image default
Бизнис

„Скопски пазар“ ја зголеми добивката за 95%

„Скопски пазар“ АД Скопје за периодот јануари – септември 2020 година оствари добивка од 64.018.000 денари, што преставува зголемување од 95% во однос на истиот период од минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Светската пандемија со Ковид-19 има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.

Со оглед на тоа дека основната дејност на „Скопски пазар“ АД Скопје е издавање и управување со сопствен недвижен имот, а објектите што се даваат под наем се користат од компании погодени од економската криза, се очекува намалување на приходите и потешкотии во наплатата на побарувањата во четвртиот квартал од оваа година.

Компанијата презеде низа мерки кои би го одржувале нивото на ликвидност со цел непречено одвивање на оперативните активности на компанијата“, велат од „Скопски пазар“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,7 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Дојран склучи договор со „Ехи“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Агенцијата за лекови за набавка на возила вреден 48.000 евра

Редакција

Милка Димитрова Тодорова именувана за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Редакција