еМагазин
Image default
Бизнис

Угостители организираат свадби, имаат поголем број маси, без доволно растојание, констатираа инпекторите

За три свадби организирани во угостителски објекти во Тетово, Боговиње и Арачиново, Државниот пазарен иснпекторат по спроведена контрола има поднесено кривична пријава за прекршување на протоколите за работа. Со новите измени што веќе се во собраниска процедура, инспекторатот ќе може и да издаде решение за забранана дејност од 10 до 30 дена и како и глоба која ќе зависи од големината на правниот субјект.

Овие кривични пријави се дел од извршените 2.523 контроли и дополнителните 613 вонредни инспекциски надзори што ги извршил Државниот пазарен иснпекторат во период од 19 до 25 октомври годинава, а ги соопшти на прес-конференција денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филипоска-Грашковска.

Инспектортот изрекол и четири кривични пријави за угостителски објекти во Гостивар и една во Скопје поради прекршување на протоколот за работа, односно неводење сметка за бројот на поставените маси, растојанието и неносење маски од страна на персоналот.

Инспекторите од овој инспекторат поднеселе и 19 прекршочни пријави, а издале и 66 решенија и 29 прекршочни платни налози по материјалните закони.

Шесте инспекторати во овој период, како што рече Филипоска-Грашкоска, извршиле 3.959 контроли и истакна дека сите инспектори работат со полн капацитет и вршат засилени контроли при што се постапува неселективно доклку се забележи прекршување.

Деведесет надзори извршил Државниот санитарен и здравствен инспекторат при што донел пет решенија за неправилности. Инспекторатот, дополнително издал 6.715 решенија за изолација и домашно лекување за лица заболени и лица кои биле во контакт со заболени лица.

Државниот инспекторат за труд конторлирал 400 правни субјекти при што донел 21 решенија за неправилности во однос на протоколите за работа.

Инспекторатот за транспорт извршил 48 надзори и изрекол три кривични пријави, една за непочитување протокол за меѓународен превоз на Деве Баир и една во Кочани за непочитување протоколи за меѓуградски превоз.

Спроведени се 33 надзори во аптеки од Агенцијата за лекови при што не се констатирани неправилности. Двеста педесет и два надзори извршила Агенцијата за храна и ветеринарство и издала пет решенја, три прекршочни налози и 15 едукации за неизвршени здравствени прегледи, небезбеден производ и слично.

Грашкоска-Филиповска апелираше да се почитуваат протоколите и владините мерки и препораки во насока на превенирање и ширење на вирусот.

Потенцира дека инспекцискит служби продолжуваат со работа на терен и дека непочитувањето ќе се сакционира без исклучоци.

-Нема толереација за прекршителите на протоколите, рече таа и додаде дека откако ќе бидат донесени законските измени и објавени во Службен весник, инспекциските служби добиваат поголеми надлежности и при утврдување на неправилноста инспекторите од сите инспекторати ќе имаат можност на лице место да изречат забрана за дејност од 10 до 30 дена, како и изрекување глоба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебарски бањи-Цапа со зголемена добивка во првите девет месеци

Редакција

Агенцијата „Партнер“ го доби тендерот на УЈП за привремени вработувања вреден 326.000 евра

Редакција

„Гранит“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на булевар „АСНОМ“ вреден 5,9 милиони евра

Редакција