еМагазин
Image default
Македонија

Рекорд во Прилеп: 53 нови случаи со Ковид-19

Со 53 нови случаи на коронавирусот, Прилеп бележи ден со највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека покрај 53-те нови случаи на коронавирусот, 15 лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи сега е 389, од кои 336 се наоѓаат на домашно, а 53 на болничко лекување.

Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 680 лица.

Инаку, вкупниот број заразени од Ковид-19 од почетокот на пандемијата е 1.225, што е една третина од вкупно тестираните досега, преку 3.440 лица.

Прилепската болница за сместување на заразените го отвори Одделението за уво, нос и грло, каде има можност да се сместат 17 заразени со полесна клиничка слика и една соба со капацитет од пет пациенти е за оние кои чекаат резултати, а имаат симптоми.

Поради преполните капацитети на Инфективното одделение, доколку дојде до уште поголема експанзија на заразените, на располагање наредниот период ќе биде Интерното оделение со 30 кревети.

Инфективното одделение деновиве го решава проблемот со централниот довод за кислород за пациентите.

МИА/Фото: Општина Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството бара казни од 2.000 евра за 45 лица кои не го почитувале полицискиот час и не се самоизолирале

Редакција

Грција и Македонија да го остават спорот надвор од НАТО, порачуваат од Пентагон

Редакција

Историчарот Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија

Редакција