еМагазин
Image default
Македонија

Министерот Нуредини e во самоизолација, ќе работи од дома

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини преку својот Фејсбук-профил соопшти дека е во самоизолација поради контакт со лице позитивно на Ковид-19.

– Би сакал да ве известам дека заради претпазливост од вчера изутрина сум во самоизолација. Бев информиран дека лице со кое имав работна средба во вторникот добило позитивен резултат од тестот за Ковид-19 и иако беа испочитувани протоколите за држење физичка дистанца, бев потенцијално изложен на вирусот, пишува Нуредини.

Тој, како што посочува, се тестирал завчера изутрина и резултатот од тестот е негативен.

– Во согласност со препораката добиена од епидемиолозите, ќе останам во самоизолација во деновите кои претстојат и ќе работам од дома. Ви посакувам добро здравје на сите и искрено ве замолувам да водите грижа за вас и сите околу вас, напиша Нуредини на Фејсбук.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков откри дека со Ковачевски се согласиле ЕУ да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав, Димитров објаснува што значи тоа

Редакција

Осуда за нападатот на новинарката на Канал 5 од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и новинарските здруженија

Редакција

Убава вест: Оздравени 714 заболени од Ковид-19

Редакција