еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Индустриското производство во септември со пад од 3,9%, од почетокот на годината за 12,1%

Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември 2019 година бележи пад од 3,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, бележи пад од 12,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9,7 отсто, во преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,2 отсто.

Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема и производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 12 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 26,2 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за пет отсто и капитални производи за 2,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По 3.000 и 1.500 денари, 4 месеци ќе добиваат ранливи категории граѓани и пензионерите со ниски пензии

Редакција

Туристичко-угостителска комора: Новите рестриктивни мерки за угостителските објекти се селективни и непрецизни

Редакција

Со петтиот пакет за последен пат се дава помош за плати, за февруари и март предвидени 1,92 милијарди денари

Редакција