еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, информираат од Министерството за здравство. Вкупно се хоспитализирани 158 пациенти. На кислородна поддршка се 113 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 позитивни и 6 суспектни деца на Ковид-19 и 18 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 11 приеми, а вкупно хоспитализирани се 57 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 67, а во болницата во Штип се 51 пациент.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 315 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродром, Карпош и Гази Баба со најмногу активни случаи на Ковид-19

Пет лица починаа од Ковид-19

Рекордни нови 934 случаи на Ковид-19, во Скопје дури 420

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За СДСМ сценаристи на инцидент со Јанакиески и Ристоски во затворот во Шутка се Мицкоски и Груевски

Редакција

Денеска пресуда за „Монструм“

Редакција

Најмногу новозаболени со Ковид-19 во Македонија има кај лицата на возраст од 20-29 години

Редакција