еМагазин
Македонија

Од Ковид-19 почина момче на 27 години од Липково, немало други заболувања

Момче на возраст од 27 години од Липково почина на Инфективната клиника во Скопје од Ковид-19.

Како што објави порталот МКД.мк, момчето било примено на Инфективната клиника во исклучително тешка состојба.

„27-годишниот пациент, почина на Клиниката за инфективни болести каде беше примен во исклучително тешка состојба.

Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница.

Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација.

Пациентот немаше хронични заболувања, освен покачена телесна тежина“, велат од Министерството за здравство за порталот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

35-годишниот пациент кој вчера почина од Ковид-19 немал никакви претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.174 случаи на Ковид-19 од 4.598 тестирања

Редакција

Изречени 755 казни за неносење маска

Редакција

Уставниот суд не поведе постапка за укинување на ковид сертификатите

Редакција