еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уставниот суд не поведе постапка за укинување на ковид сертификатите

Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест Ковид-19 и сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Судијата известител Вангелина Маркудова на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со Ковид-19, врз основа на препораките на Светската здравствена организација.

И судијата Дарко Костадиновски се согласи дека Одлуката на здравствените власти е разумна, легитимна и е за општото здравје на граѓаните.

Спорно за подносителот на иницијативата Николче Марушевски, меѓу другото било ограничувањето на движењето.

МИА/Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крпен живот: Синдикалната кошница во мај зголемена за речиси 3.000 денари во однос на јануари

Редакција

Убава вест: 819 оздравени од Ковид-19, најмногу во Скопје 256

Редакција

Стартуваа подготвителните активности за изградба на коридорите 8 и 10д

Редакција