еМагазин
Image default
Локално

Избоден вработен во кафе бар во Тетово, напаѓачот приведен

Вработен во тетовски кафе бар вчера околу 19 часот бил избоден од сограѓанин, а полицијата за час и половина успела да го најде и приведе осомниченито напаѓач.

Инцидентот се случил во кафе бар на улицата „ЈНА“.

-Во 20 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 24-годишник кој околу 19 часот во угостителски објект на улица „ЈНА“ во Тетово со остар предмет му нанел повреди на 28 годишник инаку вработен во кафе барот.

Повредениот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

При увидот кој го извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово бил пронајден и предметот за кој постои сомнение дека бил употребен во угостителскиот објект.

-За приведениот по целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, информираше полицискиот портпарол.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Пожар во дворот на фабриката Треска

Редакција

Поскапе такси превозот во Куманово

Редакција

Со пиштол му се заканувал по живот на полицаец во Кондово

Редакција