еМагазин
Image default
Македонија

Мијалков оздраве од Ковид-19, продолжи судењето за „Таргет-Тврдина“

По двонеделено одложување поради Ковид-19 денеска во Основниот кривичен сид во Скопје продолжува судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина”.

Претходното рочиште на 16 октомври се одложи поради позитивен тест на корона вирусот на обвинетиот Сашо Мијалков.

На денешното рочиште се изведуваат материјални докази предложени од Обвинителството, а на рочиштето закажано за 13 ноември ќе се продолжи со сослушување на сведоци.

Денешното рочиште започна со задоцнување од половина час, поради доцнење со спроведувањето на обвинетата Гордана Јанкулоска.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рочиштето за „Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември бидејќи Сашо Мијалков има Ковид-19

Одложено судењето за „Таргет-Тврдина”, Мијалков развил симптоми на Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 14 професори стигнала дојава за бомба во скопско средно училиште

Редакција

Мицкоски: Час поскоро на предвремени избори, без техничка влада и со една изборна единица

Редакција

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници

Редакција