еМагазин
Image default
Македонија

Борисов: Негативен сум на Ковид-19, ќе се сретнам со Заев

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека добил негативен тест на Ковид-19 и ќе може денеска да се сретне со македонскиот премиер Зоран Заев и заедно да претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес.

„Негативен сум на Ковид-19. Тоа го покажа вториот последователен тест. Со согласност од здравствените власти можам да се сретнам со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и да ја водиме Средбата на врвот на Берлинскиот процес“, пишува Борисов на ФБ.

Борисов и Заев денеска ќе претседаваат со Самитот на Берлинскиот процес, кој заради пандемијата со Ковид-19 ќе се одржи преку видео конференциска врска.

На Самитот ќе учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел, на чија иницијатива започна и се спроведува Берлинскиот процес, претставник на Европската Комисија, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА Емир Џикиќ.

На пленарната сесија на Самитот се очекува да учествуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, како и заменик-претседателот на Европската комисија Жозеп Борел и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

МИА/Фото: Фејсбук/Борисов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Борисов денеска ќе претседаваат со Самитот за Западен Балкан на Берлинскиот процес

По „бугарскиот кош“: Повелете, наведнати сме, има ли уште некој проблем со Македонците?

Хит на Твитер: Македонците и фатија сеир на Захариева која го одбележа Денот против расизмот и антисемитизмот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР предупредува: Измамници ветуваат лесна заработувачка со нова крипто валута

Редакција

Кои се кандидати за пратеници од Левица

Редакција

Нови 1.037 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Тетово

Редакција