еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Ерменија и Азербејџан потпишаа декларација за завршување на војната, демонстранти во Ереван упаднаа во зградата на Владата

Ерменскиот премиер Никол Пашинијан синоќа изјави дека со лидерот на Азербејџан, Илхам Алиев, потпишал декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах, а „гарант“ на потписот е рускиот претседател Владимир Путин.

Оваа одлука предизвика незадовоство во главниот град на Ерменија, Ереван, и упад на граѓаните во зградата на ерменската Влада.

„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ”, напиша Пашинијан на Фејсбук.

Тој во статусот на социјалната мрежа наведува дека дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на проценка на луѓето кои најдобро разбираат што се случува на теренот.

Ерменија и Азербејџан од крајот на септември се борат за Нагорно Карабах, планински регион во Азербејџан со мнозинско ерменско население.

Набрзо по статусот на Пашинијан на Фејбус во Ереван ноќеска дојде до демонстрации против одлуката за завршување на војната во Нагорно Карабах, а незадоволните граѓани го пробија кордон на безбедносните сили и упаднаа во зградата на ерменската Влада.

Тасс јави дека „агресивните демонстранти“ ја кршат влезната врата од владиниот кабинет.

Путин испрати мировници во Нагорно Карабах

И покрај декларацијата за завршување на војната во Нагорно Карабах, ерменските и азербејџанските сили ќе останат на своите сегашни позиции, изјави рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Русија веќе упатила мировна мисија во оваа немирна територија, пренесе Тасс.

-Република Ерменија и Република Азербејџан ќе останат на своите сегашни позиции, долж линија на контакт во Нагорно Карабах и долж коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија, рече Путин на заедничката прес-конференција во Москва со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашанијан.

Путин додаде дека кон Нагорно Карабах веќе е упатен мировен контингент на Руската Федерација.

Рускиот претседател истакна дека декларацијата за завршување на војната, потпишана од Баку, Ереван и Москва, на долг рок и на фер начин ќе помогне во решавање на спорот за Нагорно Карабах и ќе биде во интерес на азербејџанскиот и ерменскиот народ.

Русите испратија уште еден „Илјушин 76“ во Нагорно Карабах за зачувување на мирот

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76“ со руски мировници замина за Нагорно Карабах.

“Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила”, се наведува во соопштението на Министерството, пренесено од Тасс.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.

Претседателот на ерменскиот Парламент нападнат од демонстранти

Претседателот на ерменскиот Парламент Арарат Мирзојан беше повреден од демонстрантите во протестите во центарот на Ереван, објави на Фејсбук премиерот Никол Пашинијан.

„Арарат Мирзојан беше претепан од некои ѓубриња. Сега е опериран, ништо не го загрозува неговиот живот”, напиша Пашинијан.

Акциите во Ереван беа поттикнати од изјавата потпишана вчера меѓу рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот лидер Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан, која најавува целосен прекин на воените дејствија во Нагорно Карабах.

„Република Азербејџан и Република Ерменија остануваат на своите позиции. Мировниот контингент на Руската Федерација се наоѓа по должината на линијата за контакт во Нагорно Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, вели Путин во изјавата.

Исто така, се наведува дека внатрешно раселените лица и бегалците се враќаат на територијата на Нагорно Карабах и околните области под контрола на Високиот комесаријат за бегалци на ООН.

МИА/Фото: Гардијан/видео:Shakir Wani/You tube

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 127 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

(Вознемирувачко видео) Горат предградија на Атина: Илјадници жители ги напуштија домовите

Редакција

КФОР го одби барањето на Белград за распоредување на српска војска во Косово

Редакција