еМагазин
Image default
Локално

Штипјанец се заканувал на медицинскиот персонал и сакал насилно да влезе на Инфективното одделение

Дваесет и деветгодишен штипјанец сакал насилно да влезе во болничката соба на Инфективното одделение, каде што од коронавирусот се лекувала негова роднина.

Случајот со агресивното однесување кон целиот медицински персонал во полицијата прво го пријавил еден од вработените, а подоцна и лекарката која наместо да ги лекува пациентите трпела агресивно однесување, но и вербални закани и навреди од 29-годишниот маж.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврди случајот и рече дека од страна на вработените и дежурниот лекар е пријавен во Полициската станица во Штип.

Ова е прв ваков инцидент во регионалниот Ковид-центар од почетокот на пандемијата, во кој се лекуваат пациенти од сите општини од источниот регион.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека против 29-годишниот Х.Х ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста на службено лице на работно место.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Починаа четири лица во штипското Инфективно одделение

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жичарницата на Водно од денеска работи до 18 часот

Редакција

Скопјанец изел ќотек од братот и внукот

Редакција

Жител на Кочани нападнал полицаец

Редакција