еМагазин
Image default
Македонија

Голем интерес за вакцинација: За неколку часа во Скопје се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари

Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои се уште не им ги испорачале.

Во врска со тоа кога очекуваат да ги добијат тие 2.000 вакцини, рече дека тоа зависи од дистрибутерот „Елбиор“. Овие вакцини се однесуваат само за Скопје, бидејќи се набавени преку Центарот за јавно здравје Скопје.

– Осумдесет отсто од категориите граѓаните кои требаше да ги добијат бесплатно вакцините, дојдоа кај нас и ги потрошија. Причината е тоа што во „МојТермин“ оваа недела им е пополнет терминот и луѓето не сакаат да чекаат, сакаат да си платат и да завршат побрзо работа.

Луѓето се исплашени и сакаат да си го заштитат здравјето. И за ризичните и неризичните групи има малку дози. Тоа го има во цел свет. Белгија за еден ден ги потроши. Минатата година 610 вакцини против грип ги фрливме, немаше кому да ги дадеме, потенцира д-р Стојанов.

Нагласи дека годинава има недостиг на маски, ракавици, на вакцини, на се има недостиг и дека во цел свет е така, не само кај нас.

– Ние можевме оваа година да добиеме 4.000 вакцини. Не можевме повеќе. Тоа не зависи само од нас. Фабриките имаат ограничен капацитет, додаде д-р Стојанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на битолската Болница, Александар Обедниковски денеска ќе поднесе оставка

Редакција

ДИК: Не сме побарале и препорачале одложување на изборите

Редакција

Измени на Изборниот законик по локалните избори

Редакција