еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Самит за Западен Балкан: Меркел им порача на Заев и Борисов дека мора да се согласуваат оти е многу важно за регионот

Берлинскиот процес секогаш е поврзан и со помирување на недоразбирањата и наследството од минатото, и се надеваме дека овој процес ќе продолжи. За регионот она што морам да го кажам е дека мора да се согласувате едни со други. Не заборавајте, затоа што тоа е многу важно, порача германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов по Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Софија.

-Овој самит, што се организра од две држави од кои едната е земја-членка, а другата кандидат, се одвива под отежнати околности и добро е што ни покажавте дека можете да ја одржите конферецијата и во овие тешки услови и можам да го претпоставам напредокот што го постигнавте, оцени Меркел.

Посочи дека формирањето на заедничкиот пазар е важна одредница како порака за нашите економии и воведувањето на четирите слободи ќе даде еден импулс како за граѓаните, така и за компаниите.

-Сакам да ви честитам и за тоа што се согласивте околу зелената агенда и тоа покажува дека сите ние сме заинтересирани да изградиме економија што е способна да овозможи премин кон економија без јаглерод диоксид и унапредување на агендата, и климатските промени, како и Ковид-19, остануваат крупен предизвик што ќе биде важен за земјите од Западен Балкан, рече Меркел.

Истакна и дека Младинската конференција РИКО, воспоставена во рамки на Берлинскиот процес, овозможила да се сретнат млади од Балканот и изрази задоволство што тие ги вклучуваат и учениците и училиштата.

Во тој контекст ги повика сите земји од Западен Балкан да ја унапредат соработката и во науката, затоа што, како што рече, тоа е најдобар начин да се промовира истражувањето и развојот на иновациите.

-Сакам да ве поканам по оваа средба во Софија, сите да дојдете во Берлин следната година, се надевам ќе биде можен овој состанок следната година в лето, и уште еднаш ќе согледаме до каде сме стигнале со Берлинскиот процес, заклучи германската канцеларка Меркел.

Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон ЕУ, порача Заев

Поддршка за иницијативите за регионален договор за патување со лична карта во земјите од регионот,  проширување на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на Европската унија, зголемена соработка во областа на здравството за регионален одговор на пандемијата, регионално поврзување, не само во смисла на инфраструктура, е дел договореното во рамки на Берлинскиот процес, што треба да овозможи економски раст, благостојба на граѓаните и побрза интеграција на регионот во ЕУ.

-Оваа година за прв пат има копретседавање на земји од регионот и тоа мојата земја Република Северна Македонија и соседна земја членка на ЕУ, Бугарија. Ова е доказ дека регионот го прифати овој процес за свој.

Истовртемено тој обезбеди извонредна платформа за натамошно негување на нашите односи.

Водечкиот принцип на Берлинскиот процес има за цел да обезбеди континуитет на започнатите иницијативи во рамки на процесот и да се фокусира на забележливите позитивни ефекти во регионот.

Исто така, ја искористивме политичката платформа на овој процес за натамошно туркање на иницијативи како што се регионалниот договор за патување со лична карта, проширување на зелените ленти на ЗБ кон коридорите на Европската унија и соработката во областа на здравството и регионалниот договор на пандемијата, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес кој се одржува во Софија.

На денешниот состанок учесниците имале и можност да дискутираат за клучните стратешки насоки за регионот, за визијата за акцискиот план за заеднички регионален пазар и зелената агенда за Балканот.

-Идејата за интерконекцијата која е сржта на Берлинскиот процес еволиураше во поврзаност во поширока смисла од инфраструктурата. Регионот со право ја препозна важноста на деловна поврзаност, на младинската мобилност, дигиталната поврзаност, дијалогот меѓу граѓанското општество, културната размена, се со цел да се конкурира на глобалните пазари, но и да се обезбеди благосостојба на граѓаните, истакна Заев.

Тој додаде дека ЕУ ја потврди поддршката за Западен Балкан со 9 милијарди евра во грантови, надополнети од новиот инструмент за гаранција со кој можат да се зголемат инвестициите за дополнителни 20 милјарди евра. Ова, потенцира тој, е голема финансиска поддршка за реформските процеси и за економската трансформација на регионот.

-Претставувањето на зелената агенда за Западен Балкан дополнително ќе донесе нов наратив во однос на економскиот развој и ќе помогне да се интегрира регионот во клучните политики на ЕУ.

Се согласивме дека треба да ги унапредиме нашите напори за дополнително реален напредок во реформските процеси и регионалната економска соработка и да се постават темелите за одржлив раст. Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон Европската унија, рече премиерот Заев.

Визијата за акциски план за заеднички регионален пазар и зелената агенда, според него, го покажуваат вистинскиот правец. Ние, потенцира Заев, влеговме во нова фаза од нашата соработка, регионот ја презема сопственоста на многу иницијативи и процеси и тоа носи резултати.

Борисов: Земјите од Западен Балкан покажаа дека размислуваат и дејствуваат европски

Со потпишувањето на декларациите за Зелената агенда за земјите од Западен Балкан и за Заеднички регионален пазар, државите од регионот покажаа дека веќе размислуваат и дејствуваат европски и за екологијата и за економијата и за нелојалната конкуренција, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев и германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес, што се одржува во Софија.

Борисов нагласи дека пред само една година за време на бугарското претседателство со ЕУ, сите лидери од ЕУ и Балканот се обединија и заедно го потврдија патот за перспективата на целиот регион, не само на Западен Балкан.

– Овие 3,3 милијарди евра плус новите девет милијарди евра даваат можност за големи инфраструктурни проекти во регионот на Западен Балкан и она што отсекогаш сме го сонувале, обединување во сите области, како што е дигитална, транспортна и културна, изјави Борисов.

Со потпишувањето на декларацијата за заеднички регионален пазар, Борисов посочи дека 20 милиони луѓе од Балканот ќе може да имаат повисок стандард и како што рече, ќе може да ги задржиме да останат во регионот.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на БЕГ

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ има дилеми околу јазикот, историјата, Протоколот, кој никој не го видел, вели Мицкоски по обраќањето на Фон дер Лајен

Редакција

(Фото) По реакциите во јавноста: Сонцето останува, Македонија на Европското првенство ќе игра со старите дресови

Редакција