еМагазин
Image default
Македонија

И градоначалникот на Новаци позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски е позитивен на Ковид-19, информираше тој на Фејсбук.

„Би сакал да Ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вчера добив позитивен резултат за Ковид-19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми на кашлица и веќе сум во домашна самоизолација.

Сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од дома.

Почитувајте ги препораките и мерките пропишани од Министерството за здравство и Владата, бидејќи само на тој начин ќе се заштите вие, вашите најблиски но и целото опкружување.

Чувајте се!“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Вевчани позитивен на Ковид 19

Фото: Фејсбук/Кузманоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Караџовски: Семејните собирања за Рамазан Бајрам и ифтарските вечери ни се врати како бумеранг

Редакција

И Амди Бајрам влегува во трката за претседател на државата

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ја прекина официјалната комуникација со власта, може да разговараме само за брзи избори на есен, вели Мицкоски

Редакција