Жител на тетовско Пршовце во полиција пријавил дека вчера навечер бил нападнат и повреден додека седел во неговото паркирано возило пред семејната куќа. Тој за нападот и повредите на левата рака со остар предмет посочил жител на Глоѓи.
„Во СВР Тетово вчера во 22 часот и 40 минути, Џ.М.(49) од тетовско Пршовце во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути, додека се наоѓал во неговото паркирано возило пред семејната куќа, му се доближил и физички го нападнал Д.С.(28) од тетовско Глоѓи.
Во нападот, според пријавеното, тој употребил и остар предмет со кој му нанел повреди на левата рака, по што се оддалечил од местото“, информираат од СВР Тетово.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.