еМагазин
Image default
Македонија

Комисијата за заразни болести денеска разговара за можни дополнителни рестриктивни мерки

Комисијата за заразни болести попладнево разговара за можните дополнителни рестриктивни мерки, информираат од Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што денеска изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа, велат од таму.

Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

„После утринската координација што ја имавме, се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки,“ вели Филипче.

Не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават импортирани случаи однадвор.

„Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договорено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија,“ вели Филипче.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Редакција

Ковачевски да покаже кој го платил патувањето за своите деца во Вашингтон, повика претседателката на Антикорупциска

Редакција

Мицотакис: Голема грешка е што во Договорот од Преспа се дозволи македонски јазик и македонската етничка припадност, но се стремиме кон добри односи

Редакција