еМагазин
Image default
Македонија

51 пациенти со Ковид-19 во Клиничка болница во Тетово се во тешка состојба и на кислородна поддршка

Во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово се хоспитализирани вкупно 51 лице, сите во тешка состојба и на кислородна поддршка, информираше на денешната прес-конференција, д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-19 центарот.

Според него, овие две недели е најалармантна состојбата со прием на тешки случаи во Ковид-19 центарот при Клиничка болница Тетово од периодот на март и април кога почна епидемијата.

Пред три дена имаше 45 лица на болничко лекување.

-Беше покомотно, но пред две недели се покачи бројот рапидно, знаевме и бевме подготвени. Од март/април направивме централен довод на кислород, знаевме дека е круцијално во третман на ковид пациенти. Без кислород како да не дише пациентот, истакна Нуредини.

Изминава недела речиси секојдневно има и смртни слуачи меѓу хоспитализираните.

-Има за жал и починати и во овие два-три дена имаше по еден-два. Сите биле хоспитализирани, сите како тешки случаи, за среќа нема млади, но сите починати се повозрасни што е тешко и за нив и за медицинскиот персонал, рече координаторот на Ковид центарот.

Со оглед на малиот број кревети во Инфективното одделение оспособени за прием на тешките случаи на Ковид-19 пациенти се два ката од зградата каде е Интерно одделение.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот претседател на Собранието, Вељаноски им објасни на пратениците како за еден ден можат да си ги замрзнат платите

Редакција

Ковачевски: Димитров е незадоволен што не е дел од Владата, тој учествувал во градењето на позициите за Бугарија

Редакција

Регионалната соработка е основа за поврзување и економски прогрес, а не замена за интеграцијата во ЕУ, рече Заев на Самитот на Берлински процес

Редакција