еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Димитров е незадоволен што не е дел од Владата, тој учествувал во градењето на позициите за Бугарија

Имаме јасни државни позиции во однос на разговорите со Бугарија, имаме усвоена Резолуција во Собранието, поддржана од сите партии, вели претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски по денешната прес-конференцијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

– Мојот впечаток е дека станува збор за изразено лично незадоволство поради завршување на неговото учество во Владата. Тоа што го кажува воопшто не е точно, смета Ковачевски.

Димитров, додава тој, лично бил дел од градењето на истите тие позиции.

– Македонскиот јазик и македонски идентитет не биле, не се, и нема да бидат тема на разговор. Дали господинот Димитров е против овие изградени државни позиции во однос на разговорите со Бугарија и во кој дел треба да каже самиот.

Граѓаните да бидат спокојни дека Владата во целост ќе ги заштити националните интереси, а преговорите на ниеден начин не се загорезени со заминувањето на Димитров, вели Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

МИА/Фото: Фејсбук/Ковачевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Селекторот Ангеловски: Главата горе, одиме понатаму!

Редакција

Ковачевски во работна посета на САД: Со кој се ќе се сретне

Редакција

Детален преглед: Како работеа компаниите кои котираат на Македонската берза во првите шест месеци

Редакција