еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кабинет на Заев: Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е да го каже тоа и да објасни зошто

Северна Македонија има јасни позиции во разговорите со Бугарија, изградени со целосно владино единство и испратени како одговор од нашето МНР до бугарското МНР. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик воопшто не се тема на разговор помеѓу нас и Бугарија, наведува Кабинетот на премиерот во оставка Зоран Заев на денеска изнесените ставови на досегашниот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димиров.

Во реакцијата се посочува дека македонските позиции кои се целосно на линија на португалскиот предлог кој бил усвоен и на словенечкото претседателство и кои се целосно во согласност со Резолуцијата усвоена во Собранието, се изградени низ сеопфатен консултативен процес и работни состаноци во кои Димитров имал активна и суштинска улога.

– Со македонските позиции во овие преговори се согласи и Никола Димитров, впрочем тој имаше сериозен удел во создавањето на тие наши позиции, низ процесот кој го водеше министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Доколку Димитров е против што било од позициите кои сме ги изградиле заедно, чесно е заради народот да го каже тоа и да објасни зошто, бидејќи во спротивно останува само впечатокот дека неговото неучество во идната влада е причина за ваквите неточни и шпекулативни јавни манифестации со цел од напред да се става товар на недоверба во владата, се нагласува во реакцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немам доверба во Османи по однос на прашањето со Бугарија, вели Димитров

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“: Организаторите предвидуваат најквалитетна музичка понуда досега

Редакција

ЕК препорача отварање преговори со Украина и Молдавија, Унгарија е против

Редакција

Досега самопопишани 148.719 лица од дијаспората

Редакција